Tuesday, November 5, 2024
1.8 C
Skopje

СТУДЕН ТУШ ЗА ВМРОВЦИТЕ И ЛУДАЦИТЕ НА ТОДОР ПЕТРОВ – Заев: Сакаме решение со Грција, но не по секоја цена – не гледам потреба за промена на Уставот

Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира  членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот. Во моментов се што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални или какви било, дека Македонија нема иредентистички побуди. Македонија сака да гради пријателство, и од тој аспект, не гледам потреба за тоа, рече Заев.

Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми.

– Вчера реков став на Владата, односно за Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и  идентитетот се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата  да изнајде решение, рече Заев.

Изрази увереност дека тоа може да го направат институциите на државата, политичките субјекти – власта и опозиција заедно.

– Верувајте дека апсолутно знаеме што е тоа што е возможно, што е тоа што е дозволиво и до каде треба да одиме. Ќе направиме се да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена, порача премиерот Заев.

Според него постојат радикални структури и во двете земји, но оти треба да направиме се да се изнајде решение за да градиме во иднината и билетерално и регионално пријателство со сите.

Во однос на тоа што беше соопштено од министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас, дека подготвува драфт верзија на меѓународен договор, Заев рече дека Македонија е подготвена да искористи се што постои како можност за решение, бидејќи спорот треба да заврши со постигнување меѓународен договор.

– Таквата идеја за мене е добредојдена и може да биде од помош, рече премиерот Заев на прес-конференција во Владата.

Најави дека процесот на преговори продолжува следната недела со средба на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите не двете земји.

ОВАА НЕДЕЛА

КОНФЕРЕНЦИЈА 75 ГОДИНИ НАТО

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни...

ВУЧИЌ : ЈАС НЕ ГО ПРИНУДИВ ВЕСИЌ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, НО ТОЈ ПОКАЖА ОДГОВОРНОСТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека министерот за градежништво,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ