СТУДЕНТИ ОД ХРВАТСКА ДЕМОЛИРАЛЕ ХОТЕЛ ВО ОХРИД, ТИЕ НЕГИРААТ

0
278
Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид во кој престојуваа на петдневен студентски излет. Менаџерот на хотелот се огласи, како што пренесува 24сата.хр, и рече дека загрепските студенти биле агресивни.

„ Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш досега немало проблем“, изјави менаџерот на хотелот за хрватските медиуми.

Искршен е хотелски инвентар, скршени прозорци, фрлени пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален. Студентите палеле факели во собите и ходниците.

„Имаше студенти од Загреб и студенти од Србија. Но, студентите од Загреб беа агресивни. Сето тоа се случи минатата недела. Разбираме дека тоа се млади луѓе, но мора да се преземат мерки“, рече директорот на хотелот.Претставник на студентите за хрватските медиуми тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена.„Тој кат воопшто не е за студенти од Загреб. Ни потврди управителот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена“, вели претсавник на студентите.