Стотици илјади граѓани се собраа на студентските протести во Белград кои официјално почнаа во 16 часот. Колони луѓе се собрани пред Народното собрание , но и пред плоштадот Славија, каде на поставена бина се обратија десетина студенти кои испратија емотивни пораки со надеж за промени.
Тие порачаа дека долго време молчеле за сите неправди и ги повикаа сите граѓани да им се придружат на барањата за подобра иднина.
-Се случуваат сериозни промени, ќе изградиме систем. Наместо хаос, избираме мудрост, не сакаме да уништуваме туку да градиме – порача студентка.