Студентите подготвени за окупација на факултетите

0
549

Начелна согласност за окупација на факултетите беше постигната на вечерашниот состанок на Студентскот пленум кој се одржа во Архитектонскиот факултет во Скопје.

B88a5SDIAAABYpI1

Студентите дискутираа за можноста за окупација, или пак учество на средбата со Министерството за образование и наука и Сенатот на УКИМ, но преовладуваше ставот за окупирање на факултетите како форма на граѓанска непослушност и вршење притисок кон надлежните.

Средбата на МОН и УКИМ е најавена за 10 февруари а окупирањето би можело да се случи претходно.

Се очекува пленумите на различните факултети да одлучат посебно, па потоа сите заедно да ги разгледаат одлуките и да донесат конечен став.

Фото: Твитер