СТРУШКИОТ ЗАТВОР ПРОТИВ СУДОТ : НАРЕДБАТА ЗА МИЈАЛКОВ БЕШЕ ЗА 12 ДЕКЕМВРИ, А НЕ ЗА ДЕНЕС!

0
635

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за „Фокус“ појаснува дека Кривичниот суд направил техничка грешка и наместо за денес, наредбата за спровод на Сашо Мијалков била за 12 декември, а не за денеска, односно за 22 декември. -Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција најпрвин примивме наредба за спроведување на осудениот Сашо Мијалков на 28 ноември, за одредено рочиште на 12 декември. По оваа наредба постапивме и го испративме осудениот Мијалков на рочиште. Оваа судско рочиште е одложено и потоа на 14 декември пристигна ново барање од Кривичниот суд за истото лице, но и во ова барање датумот на судското рочиште е истото од преходното барање, значи 12 декември.

Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, затоа во прилог ви ги испраќам и двете писма што ние како институција сме ги примиле. Настојуваме на транспарентност и соработка со сите институции, јавноста и секако медиумите, изјави директорот Ќуља за „Фокус“. Инаку денеска во Кривичниот суд се одложи рочиштето за случајот „Титаник 2“, во кој обвинет е екс директорот на УБК Мијалков. Овој предмет застарува наскоро, односно кривичното дело за кое се гони „Примање награда за противзаконито влијание“ му застарува за четири месеци, или во април 2023 година. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.