Стручна дебата на РУСОФИЛИТЕ : Една година по референдумот на кој лажевме дека сме победиле ама уствари и малите деца знаат дека сме поразени- што понатаму, ништо, ќе гледаме како земјава оди во НАТО и ЕУ и ќе лаеме И ЌЕ ЈАДЕМЕ ЛАЈНА ОД БИК!

0
710

Во организација на Единствена Македонија, денес, понеделник, 30 септември 2019 се одржа стручна дебата по повод една година од големата референдумска победа на поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија со која беше одлучно кажано големо „НЕ„ за промена на името и членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

На стручната дебата на тема: „Една година по референдумот – што понатаму, состојби и предизвици„ свое излагање имаа универзитетските професори Тони Науновски, Оливер Андонов и Јанко Бачев, амбасадорот Ристо Никовски, граѓанската активистика Елизабета Матевска, историчарот д-р Петар Поповски и новинарот м-р Слободан Томиќ.

Општ заклучок кај учесниците на дебатата е дека со Договорот за промена на името се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ со што практично се брише цел еден народ од светската мапа на нации. Меѓутоа, среќна околност е што постојат меѓународно правно-признати основи и постапка за поништување на Договорот со Грција за промена на името што претпоставува една претходна состојба да дојде нова народна власт со храброст и определба да покрене постапка за поништување на овој антимакедонски договор со немерливи штетни последици за Македонија и Македонците.

Преспанскиот договор е длабоко трауматичен за македонската национална свет и мора да биде поништен, вака според експертската јавност беше претставена Македонија една година по референдумот и состојбата и  предизвикот за натамошна битка до конечна победа за македонската држава и македонскиот народ.

Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија