СТРУМИЧКИОТ ШАРМ РАСТУРА ВО РАДОВИШ – Костадинов : Гласот за Стево е глас за напредокот, да продолжиме заедно напред!

0
755

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов денеска беше помеѓу граѓаните на општина Радовиш. На средбите со граѓаните, Костаднов порача дека претсојните избори се одлична можност државата да продолжи напред по патот што води кон ЕУ и НАТО.

– Годините на застој и изолација се зад нас. Пред нас е патот што води напред кон ЕУ и НАТО. Тоа е важно за државата, за иднината, но најважно е за младите. Тоа за нив е пат до нови и подобри работни места, до поголема поддршка за основање сопствени бизниси, за отворање на нови перспективи на развој и соработка. Не треба да гледаме назад, туку поенергично да тргнеме напред, а еден од чекорите за тоа е на 21 април и 5 мај да гласаме за Стево. Победата на Стево е победа на развојот, напредокот и интеграцијата и затоа на овие избори да дадеме масовна поддршка на концептот што води напред предводен од Стево Пендаровски, повика Костадинов.