СТРУМИЧАНЕЦ СО БОНСЕК СЕЧЕЛ И КРАДЕЛ ФРИЖИДЕРИ ОД ПРОДАВНИЦИ И ЦЕВКИ ОД ГАСОВОД, МВР МУ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ТЕШКА КРАЖБА И ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ ОПШТА ОПАСНОСТ

0
200

Кривична пријава против струмичанец за повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување на општа опасност“

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот Д.Г. кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешни единици на фрижидери во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.