Tuesday, November 5, 2024
1.8 C
Skopje

СТРУЖАНЕЦОТ КОЈ ЗАМИНА ДА СОБИРА ШУМСКИ ПЛОДОВИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ

По два дена потрага, денеска околу пладне е пронајдено телото на 60-годишниот стружанец К.М. кој беше пријавен за исчезнат во реонот на селото Брчево.

-Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски во изјава за МИА.

Телото на 60-годишниот стружанец било пронајдено без траги на насилство. Смрт констатирала медицинска екипа.

Полициска екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид на местото каде бил пронајден К.М,, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Стружанецот, според информациите од Секторот за потраги по исчезнати лица при Министерството за внатрешни работи, на 20 октомври излегол од својата куќа во селото и заминал да собира шумски плодови.

Соседите од селото рекле дека К.М. до 16:30 часот не се вратил во својата викенд-куќа.

Лицето за исчезнато е пријавено еден ден подоцна од неговиот брат Љ.М.

ОВАА НЕДЕЛА

ВУЧИЌ : ЈАС НЕ ГО ПРИНУДИВ ВЕСИЌ ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, НО ТОЈ ПОКАЖА ОДГОВОРНОСТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека министерот за градежништво,...

МЛАД ЧОВЕК ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ШТИПСКО, НА ТЕЛОТО ИМАЛ ПРОСТРЕЛНА РАНА

Во атарот на штипското село Пиперево попладнето е пронајдено...

АХМЕТИ : ЧЕТВРТ ВЕК ЗБОРУВАМ – АКО ЗАГУБАМ НА ИЗБОРИ, СИ ОДАМ ДОМА

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, од...

СКОПЈАНКА СИ ЈА ПРЕТЕПАЛА СВОЈАТА МАЈКА, ЈА ТЕПАЛА СО ТВРД ПРЕДМЕТ

67-годишна жена од Скопје вчера пријавила дека во нејзиниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ