СТРАХОТЕН ПРЕС НА ЕДИНСТВЕНА МАЌЕДОЊА : КОГА ЌЕ СТАНИ ЈАНКО БАЧЕВ ПРЕМИЕР ЌЕ ВРАТИ СЕ ШТО Е УКРАДЕНО, И ОД ВЛАСТА НА БРАНКО И ОД ЉУБЧО И ОД ГРУЈО, ТОА ЗНАЧИ САМО ГОСПОД И ПУТИН ЗНААТ КОГА!

0
979

Единствена Македонија на денешната пре конференција, петок, 6 март 2020, го претстави проектот за начинот на одземање на украденото во изминатите 30 години.

На прес конференцијата Кристијан Јакимовски од Центарот за комуникации на Единствена Македонија рече:

Почитувани,

Пред два дена, на прес конференција го промовиравме во јавноста проектот на Единствена Македонија насловен како „Родов – Имот“ со кој обезбедуваме просперитет и благосостојба за 90 илјади семејства.

Денес продолжуваме со промовирање проекти од Програмата на Единствена Македонија.

Денеска го промовираме Проектот за начинот на одземање на украденото во изминатите 30 години. Според релевантните институции кои се занимаваат со корупција, во Македонија во изминатите 30 години е извршен грабеж на околу 15 милијади евра народни пари.

Основата на Проектот за одземање на украденото е Платформата на Единствена Македонија насловена како „Битка за Македонија„ која во 100.000 примероци, од 28 октомври лани се дели низ Македонија. Досега се поделени околу 70.000 примероци.

Во точка десет од Платформата се заветивме да направиме  ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, како и ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период.

Со еден збор, одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години.

Проект на Единствена Македонија за одземање на украденото опфаќа пет чекори:

Прво, новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа, по изборите склучува договор за стратешко партнерство со Русија оти свесни сме дека без меѓународна подршка овој проект не може да се реализира;

Второ, новата легална власт на Единствена Македонија ќе организира поучна екскурзија во затворот „Идризово“, со цел, олигарсите од кои треба да се одземе украденото да се запознаат со затворските услови за живот;

Трето, транзициските бандити добиваат рок од 29 дена да го вратат украденото во изминатите 30 години;

Четврто, кој нема да постапи во напред наведниот рок од 29 дена, веќе следниот триесети ден се заведува акцијата „Сабја„ во чии рамки следува апсење и конфискација на украденото;

Пето, новата легална власт на Единствена Македонија ќе организира референдум, со цел, народот да одлучи дали конфискуваните милијарди евра да се вложат во посебен фонд за развој, ИЛИ, да се поделат на народот бидејќи во криминалната приватизација, десетина транзициски бандити го поделија целото богатство, а народот (целата администрација, војската, полицијата, образованието, земјоделците, невработените, студентите..) не добија ниту една акција иако 50 години наназад општествениот имот го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. Значи, народот на референдум нека одлучи, што, со конфискуваните милијарди евра.

Како што гледате во Платформата, ние во Единствена Македонија се заветуваме пред Природата, Господ, Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија дека нема да отстапиме од исполнувањето на оваа определба.

Во тоа име, го повикуваме македонскиот народ и државјаните на Република Македонија да одлучат. Ние ќе се бориме, од Вас и вашата волја зависи дали во тоа ќе успееме.

Заедно сме во битката за Република Македонија. Заедно стоиме на страната на Македонија.

На изборите на 12 април ја бараме првата шанса за Единствена Македонија. Тоа  може да биде и последната шанса за Македонија!