Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

СТОЈКОСКИ : СЕ УТВРДУВА СОСТАВОТ НА ОПАСНИОТ ОТПАД ВО СЕЛО ОРМАН

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска во изјава за медиумите во врска со отпадот пронајден во село Орман, истакна дека е отворена инспекциска постапка и дека инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и од Општината се на терен за лабораториско утврдување на точниот состав на отпадот.

„Отворен е предмет како инспекциска постапка, информиран е Државниот инспекторат за заштита на животната средина и дадено на понатамошно постапување. Од страна на наш овластен претставник од Општина Ѓорче Петров даден е рок од 30 дена, согласно законот, да се дислоцира отпадот којшто е пронајден таму“, изјави Стојкоски.

Тој информираше дека отпадот е затекнат, но и дека на територија на Ѓорче Петров не постои фирма со „А“ интегрирана дозвола што преработува ваков тип на отпад.

„Повикан е сопственикот на земјиштето, тој не бил свесен дека на неговата локација се депонира ваков тип на отпад. Останува на институциите да преземат соодветни мерки за да го откријат и истиот тој отпад да биде дислоциран од таа локација“, посочи тој.

Стојкоски вели дека Државниот инспекторат е надлежен да ја следи дозволата којашто се издава на компаниите што работат со ваков тип на отпад, додека истата дозвола ја дава Министерството за животна средина.

Во текот на вчерашниот дел од медиумите известуваа дека во близина на село Орман се топат 600 тони акумулаторски батерии, опасен отпад што доведува до тешко нарушување на здравјето на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ