Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: ПРИЈАВЕТЕ МИ МЕНЕ АКО НЕКОЈ ВИ ПОБАРА ПАРИ ЗА ОДРЕДЕНО ОДОБРЕНИЕ ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

„Во јавноста постојат многу шпекулации и оговарање дека инспекторите од Дирекцијата бараат пари за да завршат некоја работа.Јас такви информации сè уште немам, но ги повикувам граѓани на кои ќе им бидат побарани пари да ми се јават мене лично.

Јас ќе најдам начин како да се реши проблемот, а ќе пријавам и во Министерството за внатрешни работи и во Обвинителство. Проблемот е што нам ни фалат инспектори и затоа се чека на издавање на одобренија за противпожарна заштита. Имаме само 15 инспектори, а потребни се најмалку 35“, рече Ангелов.

Тој кажа дека состојбата со пожарите е загрижувачка бидејќи преку цела година има голем број пожари, но смета дека Дирекцијата е подготвена за справување. Еден „ер трактор“ е целосно во функција, деновиве се очекува да дојде вториот од сервис, а за третиот сè уште не се знае кога ќе биде во функција.

„Завчера потпишав договор со двајца пензионирани пилоти на две години и сега имаме три пилоти. Се надевам дека догодина ќе успееме да ангажираме уште три пилоти и со тоа ќе може ‘ер трактори’ цел ден да летаат.

Еден пилот може да лета во текот на еден ден два пати по три часа и затоа не може цел ден да се интервенира. Затоа ги повикувам сите пилоти да се пријават за да бидат ангажирани кај нас, да ги поминат сите потребни обуки и да можеме налетно лето да бидеме со 6 пилоти“, рече Ангелов.

Тој апелираше до граѓаните кои имаат куќи и викендици по македонските села кои се напуштени да водат грижа за своите дворови. Рече дека дворовите се обраснати со трева по еден метар и затоа пожарите се шират и во места каде има куќи.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ