Стојанче Ангелов: Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија, лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, едно зборуваат дома друго надвор

0
559

Иритиран од она што можевме да го чуеме вчера и денеска сакам да кажам дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници, рече поранешниот генерал мајор Стојанче Ангелов, претседател на коалицискиот партнер на СДСМ, Достоинство, на вечерашната трибина во Валандово.

-Се изнаслушавме секакви работи за Договорот со Бугарија. Но вчера можевме да го слушнеме претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како на прашање на Борисов вели, цитирам „поткрепиме поткрепиме“ Договорот.  Да биде уште поинтересно се мачеше да зборува бугарски јазик иако лошио.

Но она што е јасно е дека едно зборува овде на нашите луѓе а друго зборува надвор. Дрскоска отиде дотаму што, она што ние можевме да го слушнеме и да го видиме, тие се обидоа да го негираат. Може само да препоставуваме колку лажат за други работи, рече Стојанче Ангелов.

Не е патриотизам ако мафтатае со знамиња а ништо не правите ништо за совојот народ. Вистински патриотизам е она што го прави оваа Влада, економски патриотизам, кој носи придобивки за сите наши граѓани, додаде Стојанче.