Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ЗА ПОСТАВЕНИОТ КРСТ НА ПОПОВА ШАПКА : ДА НЕ СЕ ЧЕПКА!

Крст висок околу 15 метра е поставен на зимскиот рекреативен центар Попова Шапка, а според информациите истиот нема дозвола за градба.

По поставувањето следуваа и политички реакции. ДУИ сака да го свика општинскиот совет, додека пак Алијанса за Албанците го осудува поставувањето на крстот на туристичко место на прагот на сезоната, бидејќи тоа претставува сосема непотребна провокација и поларизација.

На ова реагираше и директорот на Центарот за управување со кризи и лидер на партијата Достоинство Стојанче Ангелов на својот Фејсбук профил упати реакција да не се чепка поставениот крст на Попова Шапка.

Според него, реакциите за 15 метарскиот крст во дворот на црквата на Попова Шапка не само што се претерани по сите основи туку се и израз на непочит, крајно лицемерие и двојни стандарди од страна на албанските политички фактори во Македонија.

„Особено ако се земе во предвид дека живееме во период кога на Попова Шапка врие од бесправно изградени објекти, во период кога на Попова Шапка бесправно е изградена и четирикатна џамија со 20 метарско минаре, во период кога низ државата бесправно се изградија повеќе споменици, кули и “музеи” на УЧК, некои од нив “украсени” со карти на Голема Албанија, во период кога при пречек на високи гости од Косово се мавта со знамиња на Голема Албанија и знамиња на соседни држави без притоа да се истакне и македонското знаме, во период кога се заговара пуштање на химната на Албанија во училиштата во Македонија, конкретно во Тетово…

Убаво е да се зачува смиреноста, убаво е да не се наседнува на провокации но се поставува прашање што ќе биде следно ако не пружиме агресивен отпор од наша, македонска страна? Затоа, ги предупредувам албанските политички фактори во државата, никако да не ги споменуваат зборовите “отстранување” или “рушење” во иста реченица со крстот на Попова Шапка. Во спротивно, јас како граѓанин, со некои мои пријатели од 2001-та ќе организирам негова одбрана. А вие пробајте да го срушите“, вели Ангелов.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ