СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ: ГОРИ БОРОВА ШУМА КАЈ СЕЛОТО БУДИНАРЦИ ВО РЕГИОНОТ НА ПЕХЧЕВО, СЕЛОТО Е ДОБРО ОБЕЗБЕДЕНО СО ТАМПОН ЗОНА СО 45 АВСТРИСКИ ПОЖАРНИКАРИ И 9 ЦИСТЕРНИ СО ЛУЃЕ ОД НАЦИОНАЛНИТЕ ШУМИ

0
228

Пожарот во реонот на Пехчево се префрли и во беровско, моментално гори борова шума над с. Будинарци. Селото е добро обезбедено со тампон зона и соодветна механизација и опрема.

Пред малку ветрот кој дува со променлива јачина, го смени правецоот и сега огнот почна да се одалечува од селото.

Покрај локалното население во обезбедувањето на селото учествуваат и пожарникари со цистерни од локалната самоуправа а во непосредна близина на селото се наоѓаат и 45 австриски пожарникари со 9 цистерни како и дополнителна опрема и луѓе од Национални шуми.

Во целиот овој регион се концетрирани уште многу сили а попладнево дејствуваа и три хелихоптери кои рано наутро ќе продолжат со гаснење на пожарот.

Фејсбук статус на директорот на ЦУК,  Стојанче Ангелов.