Претходните три дена (14-16 јануари) бев во работна посета на Цивилната одбрана на Дубаи каде се одржа Глобален настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита.
На настанот присуствуваа и високи претставници на институции и меѓународни организации од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австралија, Јапонија, Индија, Јужноафриканската Република и други.
Покрај билатералните средби го посетивме Главниот команден и оперативен центар во Дубаи, Противпожарна станица, мобилна пловечка противпожарна станица, меѓународниот саем за противпожарна опрема.
Опремата и техниката со која располага Цивилната одбрана на Дубаи е софистицирана и импозантна.