Monday, May 19, 2025
8.8 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ: ЌЕ ГО ПОНУДИМЕ ЦЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ ЛЕГИТИМИТЕТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, РАБОТИМЕ НА КОНКРЕТЕН ПЛАН И ПРОГРАМА

На вечерашниот Дневник на телевизија Алсат, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Стојаноски се осврна на темата  за претстојните локални избори.

Тој објасни дека ВМРО-ДПМНЕ  е посветена и работи на сериозна анализа околу локалните избори, и е подготвена да го заврши тоа кое што го започна од самиот старт со апсолутен триумф. Во контекст на тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје, Стојаноски истакна дека фокусот моментално е ставен на тоа да се изгради конкретен план за ресетирање на градот.

Стојаноски потенцираше дека ќе бидат соопштени 85% од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а исто така нагласи и дека советничките листи се во подготовка за се добие конкретна слика.

,,Анкетите на многу места и во многу општини се веќе завршени, во деловите од државата каде што веќе имаме градоначалници, анкетите веќе привршуваат. На крај на месец мај ќе се знаат 85% од имињата кои што ќе настапат за ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Стојаноски.

Стојаноски истакна дека се работи на сериозна анализа во пресрет на локалните избори и дека како ВМРО-ДПМНЕ се договара со коалиционите партнери околу кандидатите за градоначалници. Тој додаде дека доколку кандидатите од коалицијата се совпаѓаат со принципите, ќе бидат поддржани.

,,Тоа кое што сме го започнале пред 10-тина месеци ќе го финишираме на овие локални избори. Започнавме и направивме одредена победа, но овие локални избори ние ги гледаме на коалициско ниво, како простор да направиме апсолутен триумф бидејќи ние на овие локални избори имаме намера и план да го понудиме целиот наш политички легитимитет“, дециден е Стојаноски.

Во контекст на изборот за кандидат за градоначалник на Град Скопје, Стојаноски објасни дека неколку кандидати веќе ги рефлектираат своите размислувања, но она на кое што ВМРО-ДПМНЕ работи е тоа да се направи конкретен план и програма за рестарт на градот.

,,Во моментот е да изградиме заедно со нашите коалициски партнери е да изградиме еден план за рестарт на градот Скопје бидејќи на градот му е неопходен рестарт. Во сите сфери гледаме дека граѓаните се незадоволни и сакаме да излеземе со конкретен план и програма“, заклучи Стојаноски.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ