Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ : СО ВЛАСТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИЦИЈА, АРМИЈАТА И АДМИНИСТРАЦИЈАТА

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за барањата и ги решава проблемите.

„Јас сум многу задоволен кога ќе ги видам и претставниците на синдикалните здруженија кога ќе ги  пофалат одредени потези на Владата, бидејќи во минатото многу често нив ги гледавме во улога пред Владата на протести барајќи си ги своите основни права. А, впрочем ние и за тоа ја добивме власта, тоа го понудивме на граѓаните и затоа победивме“, потенцираше Стојаноски.

Пратеникот посочи дека опозицијата, кога била власт, не нашла начин и по седум години владеење, да ги зголеми платите на полицијата, армијата и администрацијата, а сега преку амандмани барале покачување на истите, без да проверат во буџетот дека ќе се зголемат платите во овие сектори.

„Пораснаа платите во образованието, пораснаа во здравството, ќе се покачат и на полицијата, во армијата целосно се почитува колективниот договор. Исто така има предвидено средства и за покачување на минималната плата и за покачување на платите и во државниот и приватниот сектор“, појасни Стојаноски.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ