СТОЈАНОСКИ : РАСПУШТАЊЕ НА СОВЕТИТЕ НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ МОРА ДА ИМА, ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ ФАТЕНИ ВО ПОТКУП, А ДРУГ СУДИЈА ГО ПУШТИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР БЛЕРИМ РАМАДАНИ ЗА ДА ИЗБЕГА, ПАЈАЗИТ ПАЈАЗИТИ Е СУДИЈАТА КОЈ ГО ПУШТИЛ РАМАДАНИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР, АКО ОСТАНЕ ВАКА НАРОДОТ ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ДОВЕРБАТА ВО СУДСКИОТ СИСТЕМ!

0
89

Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега.

Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и обвинители.

Одговорност и разрешување мора да има и за судијата и обвинителот во случајот со Боро Марлборо, тие не се достојни да ја извршуваат функцијата, а институциите да откријат дали и кај нив завршиле дел од парите.

Целиот систем е трул. Одговорност мора да има и за Пајазит Пајазити кој прифати Иџет Мемети да помине со условна казна, иако признал дека земал мито и влијаел на судски одлуки. Што требал Мемети повеќе да направи за да добие затворска казна?

Истиот тој Пајазит Пајазити е судијата кој го пушти во куќен притвор Блерим Рамадани за да може да избега.

Очигледна е спрегата и корумпираноста на Наќе Георгиев, Иџет Мемети и Пајазит Пајазити, но и сите луѓе кои тие ги назначувале, а се судии и обвинители. Затоа е потребно целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Ако остане вака народот целосно ќе ја изгуби довербата во судскиот систем.