Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ : ПРАВИМЕ КЛУЧНИ ЧЕКОРИ ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА, СО МНОГУ ПОЈНИСКА ЦЕНА ЗА НАБАВКА НА ГАС

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и истакна неколку работи во однос на областа на енергетиката, односно што е наследено и што ќе биде како нова стратегија за функционирање во тоа поле.

Тој наведе и со која агенција е склучен договор за соработка и набавка на гас, со тоа што ќе има многу поволна и пониска цена за набавката на гас.

„Во овој момент се преземени неколку работи, прво е склучено партнерство за набавка на гас со aзербејџанската Сокар. Таа е една агенција која што снабдува во овој моментот, мислам дека, шест земји на ЕУ со гас. Имаме отприлика 20 евра пониска цена за набавка, мислам дека во оваа сезона ќе успееме уште дополнително да ја направиме таа цена поевтина, за да можеме барем тоа производство на гас да го покриеме од тој начин“, рече Стојаноски.

Исто така, тој ги истакна позитивните работи кои што Владата ги прави во енергетскиот сектор, со оглед на тоа што е наследено од претходната власт и дека тој ја подржува иницијативата за енергетска ефикасност.

„Она коешто е позитивно е дека 300 илјади тони јаглен, мислам дека, се депонирани на депото. Кредитот за ЕСМ се зема само заради една работа, 5 милијарди долг имаше кога новото раководство го наследи и се направи еден финансиски пакет кој што беше финансиран од домашните банки, со многу поволен грејс период и каматна стапка се расчисти. Претпријатието во моментот има нула долгови по тој основ. Во периодот од тие три или четири години, колку што е грејс периодот, претпријатието ќе застане на нозе, ќе се врати долгот кон банките и практично ќе може да влезе и во плус  како што го оставивме. Така да, јас подржувам иницијативи за енергетска ефикасност, енергетска независност ,но тоа, како што кажа заменик министерот, во овој момент е предвидено во буџетот“, вели Стојаноски.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ