СТОЈАНОСКИ : КАДРИТЕ НА СДС И ДУИ ВО СУДСТВОТО ГО ПУШТИЈА БЛЕРИМ РАМАДАНИ ДА ИЗБЕГА, ПАЈАЗИТ ПАЈАЗИТИ ОДЛУЧУВАШЕ ЗА УПАДОТ ВО КУЛАТА НА АЕРОДРОМОТ И ЗА УСЛОВНАТА НА ИЏЕТ МЕМЕТИ, ОДГОВОРНОСТ ЗА ПАЈАЗИТИ ВЕДНАШ!

0
138
Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството.

Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.

Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.

Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш.