Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ: ЗА ПРВПАТ ПОСЛЕ ДОЛГО ВРЕМЕ, НОСИМЕ РЕБАЛАНС ВО СИТУАЦИЈА КОГА НЕМАМЕ МИНУС, ТУКУ ИМАМЕ ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека  ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.

,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба – кај граѓаните. Затоа што буџетот – тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.

,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни. Овие зголемувања се издржани и поткрепени со реализацијата во првите месеци. Тоа не е симболично – тоа е суштински одговор на потребите на граѓаните“, кажа Стојаноски.

Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што  значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.

,,Се обезбедуваат средства за ,2 милијарди денари за доизградба на ФИНКИФФК и комплексот на Мајка Терезаваучер од 250 евра за секој студент – 55.000 студенти добиваат техничко помагалореактивирање на проектот „Купи куќа за млади“ односно се зголемува ставката за цели 111%307 милиони денари за набавка на 120 нови автобусиплус 307 милиони денари за изградба на локални патишта783 милиони денари повеќе за високото образование126 милиони денари плус за инвестиции во образованиетонад 80 милиони денари за поддршка на спортот“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училиштаво достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеатво поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.

,,Овој Ребаланс мора да биде поддржан. За секој студент што ќе добие лаптоп. За секој пензионер што ќе добие плус. За секое дете што ќе учи во подобро училиште. За секој возрасен што ќе добие лек со нова опрема. За секое семејство што ќе помине по нов локален пат“, посочи Стојаноски.

Стојаноски заклучи дека овој документ е резултат на сериозна анализа и политичка зрелост: ,,Овој документ не е направен под притисок. Напротивтој е резултат на анализа, работа и политичка зрелост. И наместо кратење, да потсетам, имаме дополнителни 300 милиони денари за капитални инвестиции“.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ