СТОЈАНОСКИ : ЗАКОНИТЕ ЗА СТРАТЕШКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ НЕ СЕ СТРАТЕШКИ ПРОЕКТИ ТУКУ СТРАТЕШКА КРАЖБА НА ВЛАСТА КОИ ЌЕ СЛУЖАТ ЗА ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ НА ОГРОМЕН КРИМИНАЛ

0
228

Во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител ТВ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во однос на законот што треба да ги замени ефектите од замрзнатите цени истакна дека тој закон веднаш треба да биде донесен.

„Законот треба да влезе во сила веднаш и неодложно а не да им дадеме простор 6 месеци да го усогласуваат законот со цените бидејќи половина година е многу за стандардот што го имаат граѓаните. Ваква шоковна криза со цените имаме предолго време за да можеме да даваме толкав простор на усогласување. Мислам дека тој закон требаше досега да биде донесен но ете подобро некогаш отколку никогаш и затоа велиме дајте да не даваме простор за некакви аклиматизирања кога се непотребни туку веднаш да стапи во сила за да можеме да го заштитиме и те како кревкиот стандард на граѓаните. Затоа велиме дека тој закон треба уште утре да биде ставен на седница“, нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека цените растат повторно високо до небо а министерството за економија како надлежно и ресорно не реагира

„Цените растат повторно високо до небо а министерството за економија како надлежно и ресорно не реагира. Ова не се случува прв пат токму затоа ние нудевме други антикризни закони и мерки со кои што ќе се заштитеше стандардот и интересот на граѓаните а не вакви ад хок кој што не го даваат резултатот“, истакна Стојаноски.

Стојаноски истакна дека законите за стратешки инвестиции на власта ќе има служат само за да легализираат огромен криминал и тие не се стратешки проект туку стратешка кражба на власта.

„Во стратешките закони ако ги погледнете и ако ги прочитате текстовите ќе разберете дека се закони со кои што треба да се легализира огромен криминал и ова не се стратешки закони за некој стратешки проект туку за стратешка кражба. Ако почнете оној за когенеративната постројка во Скопје кој што треба да биде гасна или „Митилинеус“  до другите фотонапонски постројки кој треба да се изградат едноставно нема некој детал кој што не служи за коруптивно богатење на власта“, истакна Стојаноски.