Thursday, February 13, 2025
5.8 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ: ДУИ ГЛУМИ ПАТРИОТИЗАМ, ЗА НИВ ПАТРИОТИЗМОТ ЗАВИСИ ОД НИВНИТЕ ИНТЕРЕСИ

„Некое време наназад ние ги следиме обраќањата на дел од пратениците на Европски фронт и неколку пати сме кажале, со таквата терминологија, особено на еден вид на патриотизам којшто ние го нарекуваме монетарен патриотизам. Тоа е патриотизам во моменти кога зависно од која страна треба да добиете нешто така и ги менувате ставовите“ , изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во вечерашното гостување на Алсат телевизија.

Стојаноски објасни зошто не бил присутен на седница кога колешката Даути ја поднела оставката. Посочи дека во услови кога се залагаме за модерен пристам, за општество каде што секој еден граѓанин ќе биде еднакво ценет од државата, дегутантно е употреба на такви зборови во Собрание.

„Ние сметавме дека треба да дадеме легитимитет на еден таков говор. Во услови кога се залагаме за еден модерен пристап, за еден пристап каде што секој еден граѓанин без разлика на национална припадност ќе биде еднакво ценет од државата во којашто живее. Сметаме дека таков пристап, употреба на такви зборови едноставно нема простор во македонското Собрание и македонските институции. И токму затоа одбивме да слушаме што има да каже колешката“ , дециден е Стојаноски.

Стојаноски ја истакна промената на ставови на Даути по однос на нејзините изјави за Али Ахмети и од таа причина напомена дека од аспект на таквата политика неговиот став е дека не треба да и дадат кредибилитет.

„Бидејќи добро памтиме, ние во изминатиот период бевме опозиција во парламент. Одреден дел од нашето работење и Илире Даути беше опозиција и одблиску сме соработувале периодот. Знаеме што велеше тогаш за господинот Ахмети, а знаеме што тврди сега. Така да, од аспект на таквите тврдења на таквата политика сметаме дека не треба да и дадеме кредибилитет“, заклучи Стојаноски.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

ФИЛИПЧЕ: СДСМ Е ПРОТИВ ПРОМЕНА НА ДРЖАВНИОТ ГРБ, ГО НОСИ КОНТИНУИТЕТОТ НА НОБ

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува...

ФИЛИПЧЕ: ЕКОНОМСКАТА СОСТОЈБА СЕ ВЛОШУВА, ВЛАДАТА НЕ НУДИ РЕШЕНИЈА

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните...

БОРИСОВ: АПСОЛУТНА ПРОВОКАЦИЈА Е ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОБРНУВА ВНИМАНИЕ

Апсолутна провокација е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ