Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

СТОЈАНОСКИ : ВЛАДАТА ИМА ЈАСНА СТРАТЕГИЈА И ПЛАН ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО, А ТОА СЕ КОГЕНЕРАТИВНИТЕ ЦЕНТРАЛИ

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој меѓу другото говореше и за загадувањето на воздухот, една од најактуелните теми деновиве како и за најавените мерки од страна на Владата за справување со ваквиот горлив проблем.

Според него ова е тема која во изминативе десетина години се претвора во навика особено во зимскиот период, тема на која постојано се навраќаме и е се поприсутна во медиумскиот простор.

„Првично беше заради политички поени, па потоа се промени власта и видовме дека од тие најави за коишто тогашните владини министри сами си протестираа против себе немаше ништо. Веќе после 7 години неправење ништо, истите тие кои во минатото ги оправдуваа тие мерки, а не беа соодветни, сега гледаме дека реагираат на оваа тема за којашто не велам дека не е суштинска и не треба нешто да се преземе“, истакнува Стојаноски.

Тој објаснува дека врз основа на анализата која е направена, а покажува дека воздухот во градот Скопје, а и во останатите градови најмногу се загадува поради немањето друга алтернатива која ја користат граѓаните за греење освен огревното дрво, Владата размислува и настапува со јасна стратегија за „напаѓање“ на загадувањето.

„Ако сакате да го „нападнете“ загадувањето и да имате стратегија како тоа да го надминете мора да имате конкретен план и ние се одлучивме тоа да го направиме преку инсталација на когенеративни централи. Тие се оние централи коишто произведуваат енергија на гас. Во Скопје има една таква, тоа е когенеративната централа „ТЕ-ТО“ којашто произведува електрична енергија, но и топлинска енергија и на тој начин да можеме да го завршиме процесот на гасификација и на топлификација на градот и да може таа алтернатива да стигне до што е можно поголем број на домаќинства за да може да се замени огревот на дрва и на други материјали со овој начин на огрев и на тој начин за 60% да го намалиме загадувањето“, прецизен е Стојаноски во презентирањето на решението.

Според него со оглед на тоа дека во изминатите години не е правено ништо по ова прашање, потребно е време како и партнери преку чие влегување на пазарот ќе може да се направат овие когенеративни централи со чија помош ќе се намалува загадувањето, не само во Скопје, туку и во другите градови од земјата.

„Отворен е повикот кон партнерите, јас верувам дека ќе изнајдеме начин и тие партнери да ги привлечеме тука бидејќи водиме една пријателска политика кон сите оние коишто сакаат да вложуваат. Јас сакам да ја потсетам јавноста дека со гас и со загревање на ваков начин ние почнавме уште во претходниот мандат додека бевме на власт, конкретно за градот Битола каде што преку РЕК и таа енергија што се создава да успееме со гас да ја донесеме до Битола и на тој начин ќе продолжиме да се движиме и во градот Скопје“, вели Стојаноски.

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ