Прес-конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6
Почитувана Македонијо,
Денес од 20.00 часот официјално ќе започне битката против оваа однародена и криминална власт.
Денес во 20.00 часот пред Владата на Република Македонија започнува кампањата за идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.
И како и во секоја битка најбитен е почетниот удар, а тој ќе се случи вечерва заедно со сите нас.
Ве поканувам масовно да започнеме со кампањата на професорката и да започнеме со една нова горда Македонија, Македонија на сите луѓе.
Се гледаме вечер!