СТОЈАНОСКА : ГРАЃАНИТЕ ВЕРУВААТ ВО ПРОГРАМАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕМЕ Е ДА ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО И ДРЖАВАТА ВО РАЦЕТЕ НА НАРОДОТ

0
69

Прес-конференција на Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Почитувани,

На сите досега реализирани средби со граѓаните во Изборна единица 6 наидов на одличен прием, бидејќи веруваат во она кое што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го има во нашата програма.

Додека на ветувањата кои се лажни како и обвинувањата на спротивниот табор ниту веруваат, ниту сакаат да ги слушаат.

Време е македонскиот народ да се обедини и на 24 април да го заокружи бројот 2 затоа што со горда Македонија, сите граѓани на Република Македонија ќе станат горди. Време е да им го вратиме достоинството и да ја вратиме држава во нивни раце.

Македонија повторно ќе биде своја, Македонија повторно ќе биде горда.