СТОЈАНОСКА : ВО ИМЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И БОРЦИТЕ ОД НОБ, ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГО ОДБЕРАТ БРОЈОТ 2 ЗА ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ ИСТОРИЈАТА

0
60

Прес-конференција на Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6

Денес се навршуваат 121 година од смртта на македонскиот великан, Гоце Делчев.

Во тоа име ги повикувам сите граѓани на Република Македонија, кој што ја ценат жртвата на Гоце Делчев, на борците Народно Ослободителната Војна, да го одберат бројот два во чест на Гоце Делчев, на Јане Сандански, на Методија Андонов Ченто.

Бројот два е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца, за горда Македонија и за твоја Македонија.