СТОЛТЕНБЕРГ ПОВИКА НА СМИРУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ МЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА

0
614

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на смирување на ситуацијата меѓу Косово и Србија.

Повикот на првиот човек на Алијансата доаѓа како резултат на дополнителното заострување на односите меѓу Косово и Србија, откако српските сили уапсија тројца косовски полицајци.

Тензиите траат од крајот на мај, кога локалното српско население на северот на Косово, кое го сочинува мнозинството во тој регион, се спротивстави на доаѓањето на власт на албанските градоначалници. Српското население ги бојкотираше априлските избори и не ги прифаќа резултатите.Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти