СТОЛТЕНБЕРГ : НАТО НЕ ПЛАНИРА ДА ИСПРАТИ БОРБЕНИТРУПИ ВО УКРАИНА

0
156

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина.

Тој рече дека земјите-членки на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина.
„Тоа го правиме од 2014 година. Меѓутоа, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина“, посочи Столтенберг.

Отфрлајќи ја можноста за воена акција на НАТО, Столтенберг повтори дека рускиот напад врз Украина сериозно го крши меѓународното право и дека врз основа на тоа, украинската страна има право на самоодбрана.„НАТО има право да ја поддржи Украина да се брани од руската агресија“, рече Столтенберг.
Пред посетата на Париз во понеделник, каде највисоките функционери од повеќе од 20 земји ќе разговараат за опциите за зголемување на помошта за Украина, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека некои земји размислуваат дали да склучат билатерални договори за испраќање војници во Украина за да му помогнат на Киев да се одбрани од руската инвазија.

Фицо истакна дека неговата влада не планира да предложи испраќање словачки трупи во Украина, но не даде детали за тоа кои земји можеби разгледуваат такви договори или што би направиле тие војници во Украина.Чешкиот премиер Петр Фијала одби да коментира пред да замине за Париз, велејќи дека лидерите се состануваат за да ги разгледаат можните опции, но нагласи дека Чешка не сака да испрати свои војници во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во понеделникот дека во иднина не треба да се исклучи испраќањето на западни трупи во Украина.