СТОЛТЕНБЕРГ Е ЗАГРИЖЕН ДЕКА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ВОЈНА МЕЃУ РУСИЈА И НАТО

0
198

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост дека конфликтите во Украина би можеле да излезат од контрола и да прераснат во војна меѓу Русија и НАТО.„Доколку работите тргнат наопаку, може да тргнат ужасно наопаку“, рече Столтенберг во интервју за норвешката телевизија НРК, пренесе АП.Според него, во Украина се води страшна војна, која може да прерасне во голема војна меѓу НАТО и Русија.

„Работиме на тоа секој ден за да го избегнеме“, истакна Столтенберг.Тој во интервјуто рече дека нема сомнеж дека постои можност за тотална војна, додавајќи дека е важно да се избегне конфликт во кој ќе бидат вклучени повеќе земји во Европа, односно тотална војна.