Стоименовска: Ќе формираме Фонд за млади

0
578

Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократски сојуз, денеска престојуваше во Кочани и Виница, каде што Весна Стоименовска, носител на листата на изборна единица број 3, оствари средба со граѓани и млади претприемачи.

– Младите си заминуваат, нема услови, а ни перспектива за нив. Се повеќе куќи се продаваат од овој крај а младите својот живот го започнуваат во Европските земји. Во овој крај секогаш имало печалбари, но тие секогаш се враќаа во своите огништа. Сега сликата е сосема поинаква. Бројот на жители во градовите од Источна Македонија е преполовен. Младите својата иднина повеќе не ја гледаат тука , додека претприемачите се жалат, дека нема можности за развој бидејќи сите привилегии им се даваат на странските инвеститори – изјави Стоименовска.

Таа најави дека Коалицијата за Промени и Правда ќе го спречи ислеувањето, ќе формира фонд за млади кој ќе изнесува 2 отсто од Буџетот на РМ за вработување на млади и креативни кадри.

-Со тоа ќе им отвориме перспектива на оние млади кои останаа тука и ќе им дадеме причина на оние кои заминаа да се вратат.
За решавање на проблемот со невработеност наш приоритет е развој на домашната економија и домашното производство, преку изедначување на бизнис условите како за домашни така и за странски компании, бидејќи стожерот на секоја економски развиена држава се малите и средни претпријатија.Ние ќе дадеме целосна поддршка преку субвенции и поволни кредити за нивно отворање. Наша проекција е дека за 5 години ќе се отворат над 30.000 претпријатија со од 3 до 5 вработени – рече Стоименовска.

Таа ги презентира и мерките против сиромаштијата, антикорупциските мерки и укинувањето на репрезентацијата за функционерите.