
Избеганиот од Шутка, Нафи Абдиовски со единствена затворска казна која што чека правосилност би излегол од затвор на 4 март 2040та година. 16те неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години 6 месеци и 20 дена.
-Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да одговори што бара во прегратка со овој човек, познат на сите СВР во Македонија? Но и да одговори за врските на Абдиовски со сите негови колеги. -Министерот Љупчо Николовски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали и во кој дел соработувале? Можеби во делот со борба со корупцијата.
-Министерот за политички систем, Артан Груби мора да одговори за блискоста и евентуалната соработка со Абдиовски штом вака присно се фотографираат? -Владиниот портпарол, Муамет Хоџа мора да одговори за блискоста со Абдиовски, очигледна од вакви срдечни фотографии направени срeде Влада?-Советникот во владиниот кабинет, Љубе Бошкоски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали му е соработник, дали му помага во привклекувањето на странски директни инвестиции?
– Довчерашниот министер, па владин советник, сега амбасадор во чекање, Едмонд Адеми, за амбасадорско место воМадрид мора да одговори кога го примил и за што разговарал со Абдиовски, колку се блиски за вакви фотографии да излегуваат од министерски кабинет кога беше министер? -Томислав Тунтев но и Агенцијата за цивилно воздухопловство чии што директор е мора да одговорат што барал Абдиовски во директорскиот кабинет, каква врска има меѓу нив двајца, што работа има Тунтев со еден човек баран од сите сектори за внатрешни работи , наместо да работи и да ги заработи оние 3.300 евра плата месечно? -Миле Зечевиќ но и СДС мора да одговорат за врските на генералниот секретар на СДС со Нафи Абдиовски, неговата улога во изборните процеси во Македонија?