СТОИЛКОВСКИ : КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА РОДНИНИ ИЛИ БЛИСКИ НА ДУИ И СДС, А ДА СЕ ПОВРЗАНИ СО КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА, ЕВРОПСКИ СЕ ОСЛОБОДУВААТ И НЕ СЕ ГОНАТ

0
221

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше запрашан од медиумите за коментар за поврзаноста на случајот Дрин Ахмети и случајот со шверцувани и пронајдени петарди.

„Тоа се тие проевропски кадри на СДС и на ДУИ инсталирани во правосудството. Кога станува збор за роднини или блиски на ДУИ и СДС, а се поврзани со криминалот и корупцијата, европски се ослободуваат и не се гонат“, истакна Стоилковски.
Тој посочи дека власта го брани криминалот и корупцијата бидејќи тука се вмешани нивни луѓе.

„Гледаме дека власта не дозволува да паднат партиските банди и криминалот, односно тие ги заштитуваат тие случаи, како загрозување на меѓународен авио сообраќај, а не пак да има случај за внукот на Али Ахмети, бизнисмен со визија и кој што доби трговски центар на подарок“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски порача дека со СДС и ДУИ на Македонија никогаш не и било полошо, затоа оваа власт треба да се порази. И по изборите ќе има расчистување на сите случаи.