Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски на првиот работен состанок во 2025 година ги информираше граѓаните дека за многу скоро од денес започнува историски најголемата градежна офанзива во општина Гази Баба.
Тој ги наброја проектите кои се планирани за годинава:
-Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
-После долги години започнува комплетна реконструкција на Домот за културата во Ченто;
-Започнува втората фаза од изградбата на новата детска градинка во Трубарево;
-Воведуваме нова динамика на изградбата на фекалната канализација во Јурумлери;
-Наскоро ќе започне да се реализира последната фаза од изградбата на фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур маало;
-Асфалтирање на повеќе од 40 локални улици…
– Се само дел од проектите чија реализација наскоро ќе започне. Ако денот по утрото се познава, 2025 ќе биде многу успешна година за општина Гази Баба, порача Стефковски.