3000 ДЕЧИЊА СИ ЗАМИНАА ВО ДОМОВИТЕ СО НОВОГОДИШНО ПАКЕТЧЕ!
Нема ништо повредно на светот од детската насмевка и среќа.
А среќата е единственото нешто, кое додека се дели, се зголемува‼️
✌️Повеќе од 5000 луѓе на плоштадот Автокоманда уживаа во “Новогодишната зимска бајка”, а поделивме 3000 новогодишни пакетчиња за драгите дечиња, милите мои другарчиња.
Изразувам јавна благодарност до Државната лотарија на Македонија и Владата на Република Македонија кои изминатите денови преку овој убав караван ја донесоа новогодишната магија која му недостасуваше на нашето Скопје.
Музичката програма е дел од проектот на Државната лотарија, а новогодишните пакетчиња се подарок од општината за своите најмлади жители.
2024 година ја испративме со песна, подароци и многу насмевки, така весели ќе ја дочекаме и новата 2025 година!
Среќен сум што реализиравме уште еден настан за кој долго ќе се зборува и истиот од година во година станува се поголем!
Да се живи, здрави, среќни и весели сите дечиња во светот!
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.