Wednesday, July 16, 2025
28.8 C
Skopje

СТЕФКОВСКИ : ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

🙌Општина Гази Баба и оваа година го организира Еколошки конкурс “ Денови на пролетта – Денови на екологијата” за најголем допринос во развојот на екологијата, во повеќе категории: најубаво уреден двор, најеколошка компанија, најголем придонес за екологијата, најубава творба и најубав цртеж на тема екологија.

☘️Еколошкиот конкурс започнува со првиот ден на пролетта 21 Март, а доделувањето на наградите е во рамките на одбележување на Светскиот ден на животната средина 05 Јуни.

👇Денес во Парк шумата Гази Баба се одбележа Светскиот ден на животната средина на кој ги доделив плакетите на наградните апликанти и засадивме 50 багремовите садници обезбедени во рамките на проектот “Со екологизам против насилен екстремизам” кој општината го спроведуваше заедно со “Флоразон” во сите основни училшта на територија на Општина Гази Баба.

👏Им честитам на наградените и посакувам сите да се грижиме за животната средина, а со тоа и животната средина ќе се грижи за нас.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ