Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

СТЕФКОВСКИ: ИЗГРАДИВМЕ ГРАДИНКИ, СПОРТСКИ САЛИ, АСФАЛТИРАВМЕ УЛИЦИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ТОА Е ДОКАЗ ДЕКА ПОКАЖАВМЕ КАКО СЕ РАБОТИ

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник’’ гостуваше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски каде зборуваше каква општина наследил односно посочи дека наследил заглавена општина, затворена за граѓаните како и парализирана општинска администрација.

-Затекнав една заглавена општина, затворена за граѓани во која неколку локални моќници одлучуваа во името на граѓаните, општинска администрација која беше парализирана и како резултат на тоа имавме голем број на нерешени проблеми на граѓаните и одредени барања. Она што беше за мене запрепастувачки е што имаше населени места кои што беа без вода за пиење, повеќе од 70% од улиците особено во руралните населени места беа без асфалт, спортот и културата беа комплетно заборавени од страна на општината, рече Стефковски.

Во текот на своето гостување градоначалникот Стефковски укажа кои биле неговите главни цели и постулати на кои се темелела неговата изборна програма.

-Една од моите главни цели и постулати на кои се темелеше изборната програма беше општината да ја отвориме за граѓаните, создадовме систем на отчетно и транспарентно работење преку комуникација со граѓаните и преку функционални месни заедници. Можеби сме пример на една од ретките општини во државата каде имаме функционални месни заедници за сите клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, кажа Стефковски.

Стефковски потенцираше дека сега во Гази Баба нема населено место кое нема питка вода за пиење и наброи дел од многуте проекти кои се реализирани за оваа општина.

-Она кое со задоволство сакам да го истакнам е дека нема населено место во Гази Баба кое што нема питка вода за пиење. Изградивме фекална канализациона мрежа во должина од 25 километри во повеќе населени места, асфалтиравме повеќе од 150 локални улици, изградивме две училишни спортски сали и во моментот се гради и трета спортска сала. Исто така се градат две градинки, градиме нова училишна зграда за учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто. По долги децении започнавме со комплетна реконструкција со домот „11 Октомври“ во Ченто. Изградивме 27 спортски терени на подлога од тартан, 4 спортски терени на подлога од вештачка трева, 5 фитнес зони и така натаму, рече тој.

На крај градоначалникот Стефковски порача:

-Изминатите години на дело покажавме како се работи и тоа не е само празна флоскула бидејќи и реализираните проекти говорат дека навистина сме биле посветени во реализацијата на проекти и во решавање на проблеми кои што ги тиштеле граѓаните наназад. Пред нас се уште многу нови проекти и она кое сакам да го истакнам е дека ќе изградиме уште две нови детски градинки, нови фекални канализациони системи во повеќе населени места во руралниот дел на Гази Баба, ќе асфалтираме нови улици и продолжуваме со сите оние проекти за подобра и помодерна општина Гази Баба.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ