СТЕФКОВСКИ : ДВА НОВИ ПРОЕКТИ СО ЦРВЕНИОТ КРСТ – ИТНО КОПЧЕ И ПРЕВОЗ ЗА СТАРИ ЛИЦА

0
36

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје д-р Сузана Тунева-Пауновска, договори отпочнување со реализација на два проекти и тоа Итно копче и превоз за стари лица и лица со попреченост. За проектите, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страница на Фејсбук и појасни дека двата нови проекти се наменети за најранливите жители на општина Гази Баба.

– ИТНО КОПЧЕ и посебен превоз за стари лица и лица со попреченост се два нови проекти на општина Гази Баба и Црвениот крст. На денешната средба со секретарот на Црвениот крст на Град Скопје д-р.Сузана Тунева-Пауновска договоривме започнување со реализација на два нови проекти за најранливите жители на општина Гази Баба.

Првиот проект е наречен ИТНО КОПЧЕ е нова и иновативна услуга на Црвениот крст на град Скопје и истата веќе се практикува во повеќе европски земји со одличен резултат.

Станува збор за услуга која е достапна 24/7, а лицата ќе може да побараат помош преку притискање на само едно копче.

Корисникот на аларм-уредот има само обврска да го притисне копчето на уредот и да почекаат повик од страна на операторот од контакт центарот на Итно копче.

По воспоставување на контакт со корисникот, корисникот ги споделува информациите за тегобите со кои се соочува, а обученото лице/оператор му дава понатамошни насоки, а по потреба се испраќа тим за прва помош во нивниот дом. Доколку има потреба се обезбедува транспорт до соодветната установа/институција.

Вториот проект е посебен превоз за стари лица и лица со попреченост.

осебниот превоз е наменет за лица, кои не се во можност, самостојно да обезбедат превоз за користење на здравствена, социјална, или друга административна услуга, заради:

• старост;

• болест;

• неможност или потешкотии, при самостојно движење;

• имаат потреба од придружник (негувател/личен асистент), врз основа на наод на стручно лице за потребата од користење на услуги во домот, поради здравствената состојба во која се наоѓаат, а се работи за неживотно загрозувачки ситуации.

Со поддршка на општина Гази Баба овие услуги ќе бидат поблиску до граѓаните.

За нас граѓанинот е на прво место!, напиша Стефковски.