✅АСФАЛТИРАНА УЛИЦА ВО ЦРЕШЕВО.
Денес бев во Црешево за да направивме увид на градежните работи за асфалтирање на улицата која води кон Црквата во ова населено место.
Жителите од Црешево долги години за да ја посетат Црквата газеа кал и одеа низ прашина. Од денес тоа е веќе минато‼️
Во соработка со Урбаните и Месните заедници ги утврдивме инфраструктурните приоритети и согласно тоа ги реализираме активностите на терен.
Изминатите повеќе од три години реализиравме многу проекти и решивме доста проблеми. Но пред нас има уште многу работа‼️
✌️Во периодот што следи ќе се реализираат повеќе од 70 нови проекти кои директно ќе го подобрат животот на граѓаните.
Се гледаме на терен. Од Автокоманда до Дрма и од Ченто до Раштак.
Граѓаните го заслужуваат тоа‼️
Фејсбук статус на градоначалникот од Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.