СТЕФАН ВАСЕВ: КАНДИДАТУРАТА НА КАДАРОТ НА ГРУЕВСКИ, АРСОВСКА Е ПОТВРДА ДЕКА НА МИЦКОСКИ МУ Е ЈАСНО ДЕКА ГУБИ ВО СКОПЈЕ

0
279
Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје е уште една потврда дека на Христијан Мицкоски му е јасно дека го чека пораз во главниот град на претстојните локални избори.
Арсовска, кадарот на Никола Груевски е избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје. Очигледно дека никој друг од губитниците од ВМРО-ДПМНЕ не се нафатил на таков чекор.
Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, кадарот на Груевски, Арсовска, ќе се обиде да глуми граѓанска независност, но со потписи на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ кои по партиска директива застанаа зад нејзината кандидатура.
Како и да ги пакува партиските кандидати, Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги излаже со веќе видени трикови.
По 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ не минува нивното глумење кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.
Граѓаните многу добро знаат кој работи за интересите на градот а кој го уништуваше за лични бизнис интереси.
Секому му е јасно дека Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите.