Стефанова во организиран, Фетаи, Ристоска, Бубевски, Пеливанов и Ајро во скопското обвинителство?

0
655

енеска Советот на јавните обвинители треба да расправа за статусот на десеттемина обвинители од СЈО, откако претходно републичкиот обвинител Љубомир Јовески ги презеде предметите од СЈО.

Има две опции. Едната е да се вратат во матичните обвинителства, од каде што дојдоа, а местата им се во мирување, или доколку се почитува Законот за СЈО, ќе се распоредат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција или во Вишото обвинителство.

Според Законот за СЈО, кој има важност до септември 2020 година, предвидено е обвинителите и останатите вработени да се распоредат на позиции со слични примања, што во случајот за обвинителите би значело позиционирање или во Вишото обвинителство или во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„По укинување на Јавното обвинителство, јавните обвинители, административниот персонал и истражителите се упатуваат на работа во Јавното обвинителство на позиции со споредливи лични примања“, пишува во член 21 од Законот за СЈО.

Но овој член веќе различно се толкува, па доколку се констатира дека СЈО не е укинато, обвинителите ќе бидат вратени на старите работни места, пишува „Фокус“.

Ова би значело дека петмина обвинители ќе се вратат во скопското јавно обвинителство, каде што шефува Сашо Рајчев. Поточно, тоа се обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Ајтан Ајро.

Четворица од обвинителите би се вратиле во внатрешноста, односно Елизабета Јосифовска во Гостивар, Стевче Донев во Кочани, Бурим Рустеми во Куманово, а обвинителот Љубомир Лапе во Куманово или Крива Паланка, каде што беше в.д. шеф.

Единствената обвинителка која би требало да го зајакне тимот на Вилма Русковска, е Лиле Стефанова, која пред да дојде во СЈО, работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што позицијата и е во мирување.

Повеќе на следниот линк ОВДЕ