Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

СТЕПАНОВСКИ: ИАКО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ТРОШОЦИ ЗА ПЛАТИТЕ ВО КОНТИНУИТЕТ СЕКОЈА ГОДИНА, ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ СЕ НЕПРОМЕНЕТИ ТРИЕСЕТ ГОДИНИ

Прес-конференција на Горан Степановски, директор на ЈП Комуналец Битола


Почитувани, по прес-конференцијата на СДСМ за работата на ЈП Комуналец чувствувам потреба да ги демантираме лагите кои константно се насочени кон работата на ЈП и изворно да ги информираме граѓаните за состојбите.

Во ниту еден момент собирањето на сметот и сите останати обврски на ЈП не се доведени во прашање. Уште неколку факти со кои ќе се докаже кој работел домаќински, а кој не. Во 2018 година, само по основ на репрезентации и спонзорства биле потрошени 3 милиони и 900 илјади денари, а пак во 2019 уште повеќе, 4 милиони и 800 илјади денари.

За разлика од овие расипнички трошоци, во 2024 година се потрошени 1 милион и 300 илјади денари, односно три до четири пати помалце од изминатите споменати години. Исто така сакаме да ја информираме јавноста дека со доаѓање на власт наследивме кредит од 20 милиони денари од кои немаше ни една уплата, па во период од две години го затворивме тој кредит, целосно го исплативме и имотот се ослободи од хипотека.

Исто така, овој кредит имаше исклучително влијание во нашето финансиско работење.

Јавното претпријатие Комуналец во изминатите три години може да се пофали со зголемување на приходите од 30 милиони денари, односно наплата по физички, по правни лица над 82%, што во превод значи 155 милиони денари само по овие основи.

И исто така е добро да се спомене дека имаме помал број на вработени од наследената ситуација во 2021 година, но со порастот на платите, а без промена на цените на услугите од 30 години, овие трошоци се значително зголемени.

И на крај, сметам дека е чесно советникот Николовски да им се извини на битолчани за дрското манипулирање и кажување невистини кон јавноста за работењето на нашето јавното претпријатие.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ