СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ТИВАТ

0
117
На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се “улица Карпошка” и “улица Сремско Карловачка” во чест на долгогодишната соработка како збратимени општини. Благодарам пријатели од Тиват!
Од денеска заедно со советничката Гордана Ивановски Велковска присуствуваме во дводневна посета на збратимената општина Тиват. Оддадовме почит пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Тиват, а исто така присуствувавме на манифестацијата по повод церемонијалното предавање на знамето на одредот на Бокељската морнарица. Присуствувавме и на Свечената седница која се одржа во рамки на одбележување на 21. ноември, поточно денот на ослободување на градот Тиват.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.