СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ : АКО СРБИЈА ГО ОДБИЕ ФРАНЦУСКО-ГЕРМАНСКИОТ ДОГОВОРОТ ЗА КОСОВО, ЕУ ЌЕ ИМ ВОВЕДЕ ВИЗИ, СЕКАКОВ КОНТАКТ И БИЗНИС РЕЛАЦИЈА ЌЕ БИДАТ ПРЕКИНАТИ СО УНИЈАТА, А ТОА Е ЛОШО И ЗА НАС БИДЕЈЌИ И НИЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ВОВЕДЕМЕ ВИЗА ЗА НИВ А ТАКА ЌЕ ГИ ИЗГУБИМЕ СРБИТЕ КАКО ВТОР ТРГОВСКИ ПАРТНЕР!

0
706
  • Ако Србија го одбие француско-германскиот договор на западот за Косово, им се закануваат со прекинување на преговорите, прекин на инвестициите, повлекување на инвестициите како и сите економско политички санкции што следуваат после тоа, можно е за нив да укинат визен режим.

    Ако на Србија им се воведат вакви санкции тоа сметајте дека ќе и го воведат и на Македонија бидејќи ние ќе треба да си ги повлечеме нашите фирми што работат увоз – извоз со Србија како и српските фирми што работат овде ќе мора да се избркаат, да укинеме платен промет со србите. Втор наш трговски партнер ни е Србија.

    Свесни ли сте колку тоа негативни ефекти ќе има врз стопанството?! Ако воведе ЕУ визи за Србија ќе треба и Македонија да воведе визи па ќе мора со камионите да одиме преку Романија и Бугарија за увоз и и извоз.

    Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски за ,,Инфомакс”.