Стартува изградбата на комбинирано игралиште во Ѓорче

0
144

Почна изградбата на комбинирано игралиште кај новиот комплекс згради-ДУП Спортски терени.

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, станува збор за површина од 450 квадратни метри која ќе биде уредена со детски реквизити за забава, корпи за отпадоци, клупи, но и реквизити за вежбање.

-Неодамна, вакво игралиште беше пуштено во употреба и во ООУ „Тихомир Милошевски“. Нашите заложби за подобри и безбедни услови за катчињата за најмладите продолжуваат да се реализираат-потенцираат од локалната самоуправа.