СТАРОВО Е ТЕШКО ПСИХО: ИАКО ГО ИМА ВО БОМБИТЕ КАКО МЕСТИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ ВО КОРИСТ НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ, СТАРИОТ МИХАЈЛО МАНЕВСКИ СЕ УШТЕ ОДИ ПО ТЕЛЕВИЗИИ И ДЕЛИ ПАМЕТ ЗА СУДСТВО И ПРАВЕН СИСТЕМ?!?!

0
1064

Поранешниот министер за правда Михајло Маневски смета дека неговиот актуелен наследник Бојан Маричиќ треба да одговара за оддавање тајна и за незаконито влијание на судот со објавувањето на имињата на двајцата апелациски судии кои ја прифатија гаранцијата за излегување на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од притвор.

Според Маневски, актуелниот министер за правда јавно и грубо се меша во работата на судот, и спротивно на Законот за кривичната постапка ги објавил имињата на судиите Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои како членови на Советот на Апелацискиот суд Скопје гласале да се прифати гаранцијата на осудениот Сашо Мијалков и да се пушти од притвор.

– Согласно член 124 од Законот за кривичната постапка, гласањето на судиите во судечкиот совет се врши тајно. Резултатите од гласањето се тајни. Согласно член 96 од ЗКП, за советувањето и гласањето се составува посебен записник. Овој записник се става во затворен плик и може да го отвори само повисокиот суд. Како дозна Маричиќ дека овие судии гласале за одлуката и поименично ги наведе, иако одлуката уште не била напишана? Одлуката на повисокиот суд се доставува до судот што ја донел одлуката и тој ја објавува. Како може овој министер за правда толку грубо да се меша и да се заканува на судот за донесена одлука? Министерот Маричиќ треба да биде земен на кривична одговорност за незаконито влијание во работата на судот и за оддавање на тајноста на гласањето на Советот што одлучувал по предметното барање? И овој ли ќе биде потпретседател на Владата за евроинтеграции?, пишува Маневски на Фејсбук.

Инаку за тоа како се меша во судството слушнавме од бомбите на Заев за судското дуо Михајло и Филимена Маневски: