Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

СТАПКАТА НА НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА ДОСТИГНА 6 ПРОЦЕНТИ

Бројот на невработени во Германија се зголемил за 33.000, на 2,807 милиони луѓе во декември во споредба со ноември. Тоа е за 170.000 повеќе отколку во декември 2023 година, како што објави Сојузната агенција за вработување во Нирнберг.  Стапката на невработеност е зголемена  за 0,1 поен на 6 отсто во однос на ноември.

„На пазарот на труд во декември започнува зимска пауза. Затоа невработеноста во овој месец се зголемува, како и сега“, вели Андреа Налес, шефицата на Сојузната агенција за вработување, но додава дека и  економската стагнација  остави видливи подлабоки траги на пазарот на трудот.

Бројот на невработени  во Германија  обично се зголемува на крајот на годината бидејќи истекува рокот на привремените работни места,  се склучуваат помалку нови договори  пред Божиќ и има помалку работа во индустриите зависни од временските услови, како што е градежништвото.

Но, дури и ако се земат предвид сезонските осцилации, невработеноста се зголеми во декември за 10.000 луѓе во споредба со претходниот месец. Во меѓувреме,  побарувачката за работници значително падна.  Во декември во Сојузната агенција биле пријавени 654.000 работни места, 59.000 помалку од пред една година. За тековната статистика, органот ги зема бројките што беа достапни до 12 декември.

Значително зголемена е работата на краток рок. Сојузната агенција има најактуелни податоци за октомври. Овој месец таа исплатила краткорочен работен надоместок за 287.000 вработени, по 225.000 во септември и 165.000 во август. Од 1 до 26 декември пристигнати се пријави за дополнителни 55.000 вработени.

Извор : Дојче Веле

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ