СТАНБЕНИТЕ КУЛИ ВО ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ ГОРАТ ВО ПЛАМЕН, ГОЛЕМИ ОСТАТОЦИ ОД КУЛИТЕ СЕ ОДРОНУВААТ НА ЗЕМЈАТА

0
1141

Голем пожар ги зафати најмалку две станбени кули во Обединетите Арапски Емирати, што веќе е трет инцидент од ваков тип за нешто повеќе од една година.

Пожарот зафатил една кула во емиратот Ајман, северно од Дубаи, пред да се прошири на соседниот блок.

Жителите се евакуирани, но на неколкумина наводно им била укажана помош поради проблеми со дишењето и полесни повреди.

На новогодишната ноќ голем пожар го зафати луксузниот хотел „Адрес“ на 63 ката во центарот на Дубаи.

Последниот пожар започна доцна во понеделникот во комплексот Ајман Еден, градба од 12 кули со околу 3.000 станови.

Видеата објавени од Ајманската полиција на Твитер покажуваат дека пламенот го зафатил поголемиот дел од едната страна на кулата, достигнувајќи неколку ката.

Претходната снимка покажа дека голема количина запалени остатоци паѓа на земја.