Ставрески : Ми се повраќа на седница на Влада, ние сме ЛУДАЦИ, ова што го правиме е ненормално, трошиме на чоколада а немаме леб!

0
756

nikola-gruevski-gordana-jankulovska-zoran-stavreski-2011-7-28-19-30-36

Во последниот сет снимки што ги објавува денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека ќе се слушне како министерот Зоран Ставрески признава дека „долговите се трупаат а се мисли само на блиски бизниси до Никола Груевски и Сашо Мијалков“.

– Ќе слушнете како Јанкулоска признава дека Груевски е забеган – рече Заев.

Машкиот глас од снимката вели:

– Ми се повраќа на седница на Влада. Ние сме лудаци, ова што го правиме е ненормално, трошиме на чоколада а немаме леб.